Познатата поп пејачка од Барбадос Ријана ја претстави својата прва колекција на модната недела во Лондон.
Колекцијата е изработена во соработка со бреднот „Ривер Ајланд“.
Дизајнот на облеката беше целосно во стилот на пејачката од Барбадос, разголен стомак и горен дел, долги фустани со длабоко деколте и високи потпетици. Според зборовите на Ријаан опуштено, шик и флерт.
На крајот од презентацијата Ријана ги поздрави присутните облечена во мал црн фустан, со сребрен ѓердан и нараквици.