Ципрас ќе го посети Скопје во првата седмица од април

Од:

Се чини дека посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Скопје се ппланира за првата седмица од април, рече министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Њуз247”, без притоа да го потврди даумот 2 април што интензивно се споменува во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашан за шпекулациите во Грција за размена на споменици, шефот на грчката дипломатија рече дека некои, комуникациски, се обидуваат да управуваат со обидите што се прават за да се изградат добри односи.

-Се обидуваме да најдеме начини со луѓе на кои не им велевме добар ден, заедно да планираме промоција на заедничките интереси и стабилизација на регионот. Размислуваме за потези што на нашите народи ќе им покажат дека климата навистина е подобрена. Овие потези, ќе ги правиме внимателно, објасни Катругалос.

Во интервјуто, шефот на грчката дипломатија говореше за реакциите за Договорот од Преспа, особено во северниот дел на Грција и рече дека „постои емоционална реакција”, но со текот на времето сите ќе ги сфатат придобивките, особено економските, од решението меѓу двете земји.

– Имаме повредена национална гордост од времето на меморандумите и лесно, еден позитивен договор може да се прочита низ очила што го менуваат. Моето лично мислење е како што поминува времето, како што во Северна Грција ќе почнат да ги сфаќаат, во првата фаза, економските придобивки што ќе ги има Северна Грција од договорот и во реалноста ќе стане центарот, срцето на економијата на еден обединет балкански простор што ќе има 50 милиони, потоа ќе можат смирено да ги разгледаат многу важните придобивки од Договорот од Преспа за нашата земја, рече Катругалос за “Њуз247”, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Ципрас основаше нова политичка партија

Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

А1он

Мицотакис: Европската перспектива на Балканот не смее да се одложува