Експретседателот на Собранието и автор на книгата „До атентатот и по него”, Стојан Андов, за „А1он“ вели дека ова е прв пат судот да забрани продажба на книга, што претставува лош преседан.
„Мислам дека ова е лош преседан во Македонија. Досега, не се случило судот да забрани книга. Јас сум ја напишам и сум ја дал на издавач. Имам тужба, по која треба да се утврди дали има клевети и навреди. Ќе се расчисти и ова, но вакво нешто не сум очекувал. Доколку имам материјални последици, ќе поднесам жалба. Лошо е да се воспостави ваква пракса“, вели Стојан Андов за „А1он“
Oсновниот суд Скопје 2 за „А1он“ потврди дека е донесена мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него” оти се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на ексминистерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски поради повреда на личните права на тужителот.
Кристијан Ландов