Основниот суд Скопје 2 за „А1он“ потврди дека е донесена мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата на поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.
Во книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“ се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на ексмининистерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски поради повреда на личните права на тужителот.
Од судот за „А1он“ велат:
„Ве известуваме дека во судот поднесена е тужба за утврдување одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета. Со тужбата тужителот поднесе предлог за определување на привремена мерка заведена под П5 – 11/19. Судот постапувајќи по предлогот за определување на привремена мерка на ден 11.03.2019 година, донесе Решение со кое предлогот на тужителот за определување на привремена мерка се усвојува и се забранува понатамошна продажба и располагање со книгата на тужениот. Привремената мерка стапи на сила на денот на донесување на Решението, а со важност до правосилно завршување на постапката за утврдување на одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета, по предметната тужба“.
Васко Маглешов