Нов Зеланд носи закон за забрана на автоматско и полуавтоматско оружје

Од:

Сите воени полуавтоматски оружја, автоматски пушки и шаржери со голем капацитет ќе бидат забранети на Нов Зеланд по нападот на две џамии во Крајстчрч, во кој загинаа 50 лица, соопшти денеска премиерката Џасинда Ардерн.

-Соопштувам дека Нов Зеланд ќе го забрани сето полуавтоматско оружје од воен тип. Ќе ги забраниме и автоматските пушти, истакна Ардерн.

Таа најави дека реформата на законот за носење оружје ќе биде објавена во рок од 10 дена по нападот во џамиите и ќе стапи во сила на 11 април.

– На 15 март историјата засекогаш ни се смени. Сега ќе се смени и законот, Денеска преземаме акција во името на сите Новозеланѓани за да ја зајакнеме регулативата околу контролата на оружје и да ја направиме нашата држава побезбедна, потенцираше таа на прес-конференцијата во Велингтон.

Околу 1,2 милиони парчиња оружје се во оптек во земјата, покажуваат податоците на полицијата на Нов Зеланд, односно – по едно на секој трет човек. Ардерн рече дека процесот на откуп на оружјето ќе ја чини државата помеѓу 100 и 200 милиони долари.

Предлогот за реформи во законот за поседување оружје ќе биде претставен во Парламентот во првата недела од април. За да стапи во сила, пратениците треба да гласаат за измена на актуелниот Законот за оружје од1983 година.

Во меѓувреме, гувернерот на Нов Зеланд, генерал Петси Реди потпиша наредба за прекласификација на некои полуавтоматски оружја во „воени оружја“. Како резултат на тоа, многу луѓе кои законски поседувале огнено оружје повеќе нема да можат да ги поседуваат според новите услови за лиценца.

Одлуката за забрана на автоматското и полуавтоматското оружје наиде на големо одобрување меѓу новозеландската јавност. И без да чекаат да биде донесен законот, тие веќе почнаа да се откажуваат од оружјето.

„До денеска, бев еден од Новозеланѓаните кои поседуваат полуавтоматска пушка. На фарма, тие се корисна алатка во некои околности, но моите околности не го надминуваат ризикот од злоупотреба”, напиша корисникот на Твитер Џон Харт.

Друга корисничка напиша дека откако нејзиниот сопруг починал неговите пушки биле оставени во семејството, кое ги имало потребните дозволи. Таа вели дека иако со пушка ракува од деветгодишна возраст, таа ги предала во полиција за да бидат уништени.

„Откако слушнав за петочниот напад се свртев кон себе си и длабоко размислив. Понеделник изутрина – ова е една од најлесните одлуки кои некогаш сум ги донел. Поседував огнено оружје 31 година“, напиша на Твитер корисникот „Блекстоун“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска