Втора средба на Заедничкиот комитетот на експерти од Северна Македонија и Грција

Од:

Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања, утре и задутре во Скопје ќе го одржи вториот состанок, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис кој воедно е и на чело на комисијата од грчка страна, утре и задутре (22 и 23 март) ќе биде во Скопје, а ќе присуства и на приемот што го организира грчката Канцеларија за врски по повод 25 март, националниот празник на Грција.

Првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се одржа во Солун, на 2 ноември минатата година.

Од министерството за надворешни работи на Грција соопштуваат дека грчката делегација што учествува во комитетот ја сочинуваат професорите Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и советникот од грчкото МНР, Ефтимиос Харлавтис.

Македонскиот тим го предводи амбасадорот Виктор Габер, а во негов состав се и професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе, се членовите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.

Спроти одржувањето на втората средба амбасадорот Габер за МИА изјави дека се очекува во фокус на разговоирте да бидат учебниците по историја и географија за основно образование.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски