Дисциплинска постапка против албанската амбасадорка во Атина поради исчезнатите пасоши

Од:

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека почнало дисциплинска постапка против амбасадорката на Албанија во Атина, Ардијана Хобдари, поради скандалот за исчезнувањето на 100 албански пасоши во Грција.

Во меѓувреме, од функцијата е разрешен албанскиот конзул во Јанина, Первин Ѓикурија, откако според досегашната истрага, постојат основи за сомнеж дека тој е одговорен за исчезнувањето на пасошите. што се случи минатиот месец.

Пред еден месец Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека „исчезнале“ пасошите наменети за албанските државјани во Грција, наведувајќи дека пакетот е украден од автомобилот на Конзулатот во Јанина.

Според Министерството, на 13 февруари пасошите, произведени од компанијата АЛЕАТ, биле пренесени во Грција, спакувани вон стандардите како што тоа се прави со редовните испораки на дипломатски пакети.

– За време на нивниот транспорт од Генералниот конзул на Република Албанија во Јанина во Атина, возилото со дипломатски таблички беше ограбено меѓу 22.50 и 00.10 и пасошите загубени. По настанот, Министерството за внатрешни работи презеде мерки за да ги повлече од употреба и ги извести граѓаните да се пријават и повторно да аплицираат бесплатно, соопшти Министерството.

Во меѓувреме поранешниот албански премиер и претседател и почесен лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша нарекувајќи го случајот „мегаскандал на наркодржавата“, обвини дека пасошите може да ги користат „терористички групи на ИД и албанската и регионалната мафија“ и оти тоа е закана за националната и меѓународна безбедност.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина