776 аптеки ќе добијат 12 000 денари зголемени квоти и за март

Од:

Седумстотини седумдесет и шест приватни здравствени установи-аптеки, со кои Фондот за здравствeнo осигурување во моментов има склучено договор, за месец март 2019 година, ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за лекови, за 12.000 денари, известуваат од Фондот за здравствено осигурување.

-Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец. Ова го прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење.

Линеарното зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец март.

Фондот сака да укаже дека еден од условите за зголемување на месечната квота е аптеките да издаваат најмалку 20 отсто лекови за кои осигурениците не треба да доплаќаат.

Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, велат од Фондот.

Би можело да ве интересира

На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Tаравари: Деветте нови лекови на позитивната листа во аптеките ќе можат бесплатно да се земаат од 16 септември

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

Горан Наумовски

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата

Девет нови лекови на позитивната листа

Горан Наумовски