ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Од:

„Либералната партија ги охрабрува Владата и Министерството за финансии, по примерот на Република Црна Гора да направи измени во Законот за трговија, со кој се забранува трговија на големо и мало во недела и на празници.

Исто така предлагаме да се направи промена во Член 25 од Законот за трговија, со што продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно-станбени згради не можат да почнат со работа пред 06,00 часот и мора да завршат со работа до 16,00 часот.

На овој начин ќе се изедначат условите за работа во приватниот сектор со условите за работа во државната администрација, а граѓаните ќе добијат повеќе заедничко време со најблиските“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он