Во Штип тројца кандидати за градоначалници

Од:

Општинската изборна комисија -Штип прими три кандидатури за градоначалници. Претседателката на ОИК-Штип Лидија Савиќ информира дека синоќа до 24 часот поднесени се кандидатурите за градоначалници за примариус магистер Илчо Захариев од ВМРО ДПМНЕ, вториот кандидат е Марика Чанова од Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) и третиот кандидат е Мијалче Поп Андонов од Социјалдемократската унија.

-Што се однесува за советничките листи имаме доставено четири, а тоа е на ВМРО ДПМНЕ чиј носител е Никола Мицевски, потоа советничка листа од партија ДОМ чиј носител е Милчо Смилјанов, независна советничка листа чиј носител е Раман Демиров и имаме советничка листа од Сојуз на Титови леви сили, а носител е Дарко Фулир, рече Савиќ.

Таа додава дека членовите на ОИК – Штип ќе работат  до 24 часот и ќе очекуваат информации од Комисијата за лустрација за кандидатите за градоначалници и за советнички листи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски