МОН: Внимателен избор на туристичките оператори за ученички екскурзии

Од:

Министерството за образование и наука достави укажување до сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни кога избираат туристички оператори кои ќе бидат ангажирани за реализација на екскурзиите на учениците, кои се составен дел од воспитно-образовниот процес.

МОН информираше дека укажувањето е доставено со оглед на „последните случувања, односно сообраќајната несреќа со фатални последици по животот и последици по здравјето на повеќе наши сограѓани“.

Во дописот до училиштата особен акцент е ставен на почитувањето и доследна примена на одредбите од правилниците за организирање на ученичките екскурзии во кои, нагласува МОН, јасно и прецизно се уредени условите и критериумите кои правните субјекти, односно туристичките оператори, треба да ги исполнат и тоа да го докажат со достава на соодветна документација при пријавувањето на јавен повик.

-Посебно внимание е потребно да се посвети на исполнетоста на условите за превоз на групи деца во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца. Во интерес на учениците и подигнување на степенот на нивната безбедност и заштита, училиштата имаат можност да ги контактираат сите надлежни институции и органи доколку се појави потреба за какви било дополнителни консултации и сугестии, наведува МОН.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа