[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Четири лица се уапсени во Либија, бидеjќи се обвинети дека ширеле книги и идеи за христијанството, соопшти либиската полиција.
Државјанините на Јужна Африка, Египет, Јужна Кореја и еден со двојно американско и шведско државјаноство, се уапсени потврди шведското министерство за надворешни работи, а американската амбасада во Либија, не сакаше да коментира.
Тие се уапсени во Бенгази, а сега се под истрага заради штампање и дистрибуирање на христијанска литература. Полицијата тврди дека кај нив пронашла 45 илјади книги а 25 илјади биде поделени.
Ширењето на христијанството во Либија е кривично дело.
Минатата години Меѓународниот комитет на Црвениот крст мораше да ја прекине својата хуманитарна активност во Бенгази, по нападот на нивните простории.