Успешни претседателски избори без манипулации и слободно изразена волја ќе биде многу важна работа. Со тоа ќе се сврти страницата од 27 април и ќе се покаже дека земјата е зрела да забрза по Европскиот пат, изјави денеска во Велес францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
-Скептицизмот кој би можел да постои не доаѓа од нашите Влади, тие немаат ништо против Северна Македонија, напротив. Скептицизмот постои кај нашето јавно мислење, затоа што за овој регион има претстава дека е регион кој повеќе испорачува проблеми отколку решенија. Договорот од Преспа е спротивен сигнал, поддржан од сите, но тој треба да се зајакне преку спроведување реформи, но и зајакната политичка клима. Тоа е пораката до политичките партии, изјави амбасадорот Тимоние на заедничката прес конференција со неговиот домаќин Аце Коцев ски.
Францускиот амбасадор, меѓу другото, посочил дека патот на нашата држава кон ЕУ не е воопшто лесен, бидејќи сме исправени пред годлем бброј на услови, но услови, кој што вели дека се доб ри за нас.
-Ние токму тоа сакаме да го направиме, да ве придружуваме на тој пат. Да ви помогнеме заедно чекор по чекор да напредуваме. Но, за да се постигне тоа потгребно е сепак чувство за национално единство, но и чувтсво за национален интерес. Воедно, тука се и одредени рокови коишто треба да бидат исполнети со изгласување на одреден број закони во Собранието. Ние со нетрпение очекуваме сите тие закони да бидат изгласани, но и да се увериме дека оние закони коишто беа изгласани од пред неколку месеци се спроведув аат. На добар пат сте , но потребно е сега да се забза тем пото, потенцира амбасадорот Тимоние.
Францускиот амбасадор Тимоние градоначалникот Коцевски, освен за поддршката на Франција на земјава на патот кон ЕУ разговарале и за состојбите на општината и за тоа како во Франција подобро да се презентираат македонските вина што според него е добра инвестиција.
-Тука сум и да ја поддржам целокупната работа што ја спроведуваат невладините организации, особено Француските. Една од нив ќе допатува во Велес и ќе донесе донација за болницата, потенцира Тимоние.
Тој посочи дека тоа е и суштината на Европа, создавање на таа Европска солидарност и вистинско пријателство меѓу народите, а што може да се случи ако взаемно добро се познаваме.
– Но и ние сме среќни и сакаме што подобро да ги запознаеме вината од Република Северна Макекдонија и затоа ми спомнавте за таа идеја да се запознаат македонските вина во Франција. Јас ја поддржувам таа идеја затоа што тоа е многу добра инвестиција, оцени Тимоние.