Атлетико Мадрид – Барселона, најпосетен женски фудбалски натпревар

Од:

Барселона, 18 март 2019 (МИА) Натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид (0-2) од женската Ла Лига што се одигра вчера, е најпосетен женски фудбалски натпревар.

На дербито што се одигра на Ванда Метрополитано присуствуваа 60.739 гледачи.

Досега најпосетен женски натпревар во фудбал беше меѓу Тигрес и Монтереј на кој имаше 51.211 гледачи. Третиот натпревар на таа „топ листа“ е дуелот на Сан Мамес меѓу Атlетиk Билбао и Атлетико Мадрид што се играше во јануари – 48.121 гледач.

На натпреварот Челзи – Арсенал за Купот на Англија имало 45.123 гледачи. Во топ-5 е и натпреварот во Мексико меѓу женските тимови на Тигрес и Америка на кој присуствувале 41.121 гледач. зш/

Би можело да ве интересира

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Фернандо Торес покажа како ги направи неверојатните мускули

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Атлетико прави рокада на позицијата лев бек

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Горан Наумовски

Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид