Северна Ирска: Двајца загинати во стампедо при одбележување на Свети Патрик

Од:

Две лица загинаа, а неколкумина се повредени во стампедо кое се случило синоќа во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун.

Неколку десетици млади луѓе се собрале да го прослават Денот на Свети Патрик, кога од засега непознати причини започнало стампедо, во кое две лица го загубиле животот.

Повредените се префрлени во локалните болници, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.

Помошник шефот на полицијата на Северна Ирска, Марк Хамилтон изјави дека причината за инцидентот не се знае, но постојат индиции дека дошло до уривање во дискотеката.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска