Во Премиер лигата денеска на програмата е еден натпревар. На „Енфилд“ во Ливерпул истоимената домашна екипа ја пречекува екипата на Свонси.
И двата тима поради елиминацијата од ФА купот овој викенд се слободни, па една недела порано од останатите премиерлигаши ќе го одиграат дуелот од 27.коло.
Ова и од причина што следната недела на 24 февруари Свонси ќе го игра финалето на Лига Купот против Брадфорд.
На табелата Ливерпул е на 9.место со 36 бодови, додека Свонси е на 7.место со 37 бодови.