Југ: Беа обвинети тројца милионери и ослободени без цент гаранција

Од:

Обвинетиот Игор Југ, кого кривичниот суд го осуди на затвор од 12 години за крвавиот четврток рече дека има 4 деца и сопруга и дека нема намера да бега.

„Каде јас голо куче би побегнал. Терористи се кријат во африкански и јужноамерикански земји. Што би правел? Би му ги дресирал кучињата на Орбан?“, рече Југ.

„Заедно со мене беа обвинети тројца милионери и ослободени без цент гаранција. Зошто никој не се посомнева дека ќе избегаат? Не избегаа, зашто знаеја дека ќе бидат аменстирани“, рече обвинетиот пред судот.

Југ рече дека да направел 10% од она што го направил за Македонија, во неговата родна Хрватска, ќе бил прогласен за херој.

„Не е фер 12 години, требаше и јас да изедам 15-ка“, рече Југ.

„За дом спремни увјек и навјек”, рече обвинетиот.

Судијката Кацарска го опомена обвинетиот Влатко Трајковски иронијата да ја остави за дома, откако Трајковски претходно иронично рече дека веднаш штом излезе од судницата ќе избега.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски