Во Бенгази уапсени четворица христијански мисионери

Од:

Четворица странци се уапсени во источниот либиски град Бенгази под сомнение дека се христијански мисионери кои распространуваат литература што го популаризира христијанството, пренесоа британските меидуми, повикувајќи се на портпаролот на полицијата.

Тие се приведени во вторникот во издавачката куќа каде печателе илјадници книги, со кои се агитирало прифаќањето на христијанската вера, посочи вчера портпаролот Бин хамид.

-Ширењето на христијанството е криминал во оваа муслиманска северноафриканска држава, забележуваат американските медиуми.

-Проповедувањето на друга вера е забрането во Либија. Ние сме 100-процентно муслиманска држава и овој вид активности ја засегаат национална безбедност, рече претставникот на полицијата.

Уапсените лица се од Јужна Африка, Египет и јужна Кореја, а четвртиот од нив е со двојно, шведско и американско државјанство.

Полицијата соопшти дека открила 45.000 книги, а уште 25.000 веќе биле поделени.

-Уште ги водиме распитите, но за ден-два приведените ќе ги предадеме на либиските разузнавачки служби, рече полицискиот портпарол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски