Реакции на косовските лидери на терористичките напади на Нов Зеланд

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли ги осудија терористичките напади во две џамии во Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица и им изразија сочувство на семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку својот профил на Фејсбук порача дека народот и институциите на Косово ја споделуваат болката со семејствата на жртвите и со пријателската држава Нов Зеланд.

– Во овие тешки мигови народот и институциите на Косово ја споделуваат болката со семејствата на жртвите и со пријателската држава Нов Зеланд. Таквите чинови ја потврдуваат неопходноста од продолжување на борбата против секаков вид на екстремизам и тероризам во светот, напиша Тачи.

Премиерот Харадинај од името на косовската Влада изрази жалење и сочувство за жртвите на терористичкиот напад.

– Терористичкиот чин во Нов Зеланд, каде што загинаа десетици невини граѓани, е насочен против вредностите на една слободна земја и не допира сите нас. Од името на Владата на Косово изразувам жалење за човечките жртви на овој тежок настан и сочувство за семејствата и за новозеландските институции. Тероризмот, без оглед од кого доаѓа, е најголемото зло со кое треба да се соочиме сите заедно. Косово ќе продолжи да го дава својот придонес заедно со стратешките партнери за глобалната безбедност, напиша Харадинај.

Шефот на косовската дипломатија Пацоли изјави дека е згрозен од терористичките напади за време на петочната молитва во двете џамии во Нов Зеланд.

– Згрозен од ужасниот терористички напад за време на петочниот намаз. Нашите мисли се со Нов Зеланд и посебно со семејствата и блиските на жртвите, напиша Пацоли.

Косовското Министерство за надворешни работи објави дека е во постојан контакт со амбасадата во Нов Зеланд и дека според досегашните информации во нападите во Крајстчрч нема загинати граѓани на Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина