Многу вкусен колач за сите љубители на кокосот…
Потребно е:
за корите:
2 јајца
200 мл млеко
100 мл масло
100 г шеќер
200 г брашно
1 прашок за пециво
2 лажици какао во прав
за филот:
1 л млеко
1 чаша шеќер (од 200 мл)
7 лажици гриз
200 г кокос
30-40 г бело чоколадо, по желба
Подготовка:
– Сварете го млекото со шеќерот, а потоа додадете го гризот и варете на тивко околу 10 минути. Пред крај на варењето додадете го кокосот и промешајте. Оставете го да се излади.
– Сите состојки за корите ставете ги во еден сад и изматете ги убаво со миксер.
– Половина од тестото за корите сипете го во тава која претходно малку сте ја намастиле и посипале со брашно и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 10 минути однсно додека не се фати коричка.
– Тавата извадете ја од рерна и одозгора на тестото распоредете го филот, распоредете го остатокот од филот со какао и вратете ја во рерна да се допече уште 15-20 минути.
– Готовиот колач одозгора може да го посипете со кокос или да ставите чоколадна глазура.