Премиерот Заев смета дека Албанија не помогнала во бегството на Груевски

Од:

Премиерот Зоран Заев во интервју за тиранската телевизија Топ чанел, меѓу другото зборува и околу бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

На прашањето дали на срдбата со неговиот домаќин, премиерот на Република Албанија, Еди Рама, изразил загриженост во врска со прашањето за Груевски, кој, се посочува, ја исползувал Албанија за неговото бегство, тој категорчно одговара „не“.

-Ги знам сите детали, бидејќи нашата пријателска земја, Албанија, еден ден подоцна детално не информира за се. Пријателите споделуваат информации. Тоа е нешто што е направено во унгарската Амбасада, вон тоа што Албанија можела да направи. Унгарија е пријателска земја со нас, но ние ќе продолжиме да се бориме за спроведување на меѓународното право, бидејќи Груевски е осуден преку транспарентен процес во Северна Македонија. Имаше мониторинг од меѓународните институции што работат во Скопје. Со тоа бегство, тој потврди дека е виновен, а има уште неколку други прашања на суд. Добивме многу лоша порака од земја членка во НАТО и ЕУ, како Унгарија, која не беше пријатна за нас, но ќе продолжиме со доброто пријателство со Унгарија, бидејќи веруваме во правниот систем, а особено во меѓународното право. Се надевам дека владеењето на правото ќе доминира, изјави премиерот Заев.

Тој додава дека нема доказ за тоа дали Груевски имал поддршка од некое лице со политичка поврзаност во Албанија, да влезе во амбасадата на Унгарија, да побара азил, а потоа да ја напушти Албанија.

-Сакам да бидам внимателен со секој човек во вашата земја, бидејќи Албанија е наш пријател, рече Заев.

Прашан дали верува дека потфрлиле безбедносните служби на Македонији и на Албанија за Груевски да и избега на правдата, Заев на новинарот му одговори дека тој не мисли така.

-Не. Јас не мислам така. Чувствувам лутина во моето срце, бидејќи некој во земјата, кој не е наш или албански државјанин, му помогна. Во последните денови тој беше слободен човек. Тој се уште немаше известие да оди во затвор. Но, по два дена одлуката беше објавена. Таа вечер го организираше бегството. Но, сакам да бидам внимателен кога зборувам за тоа, бидејќи да зборувам без доказ е несериозно, одговори Заев.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски