СДСМ: Зголемено индустриско производство од 12%, рекордни странски инвестиции, поголеми плати и раст на БДП

Од:

„Клучните економски параметри покажуваат реално придвижување на економијата и успешност на владините економски политики во интерес на граѓаните.

Индустриското производство во јануари оваа година е зголемено за 12 проценти во однос на истиот месец лани.

Реалните економски политики допринесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.

Оптимот за засилениот економски развој го потврдува и рекордниот износ на директни странски инвестиции од 624 милиони евра во 2018 година.

За значителни 20 проценти пораснат е и извозот од индустриските зони кој во 2018 година изнесува 2.4 милијарди евра.

Зголемувањето на Бруто домашниот производ од 3.7 проценти е уште една потврда дека годините на економско уназадување се зад нас, Република Северна Македонија оди напред, економијата оди нагоре.

Платите растат и ќе продолжат да растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, се подобрува животниот стандард.

Кога се спроведуваат реални економски политики, кога земјата се движи во вистинскта насока, кон интеграција, и економијата се движи во вистинска насока, расте и се развива.

Членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните. Затоа е многу важно да продолжиме по вистинскиот пат по кој тргна нашатата татковина, тоа е патот на интеграциите, на напредокот, на иднината“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски