Македонски државјанин уапсен во Приштина врз основа на потерница од Интерпол

Од:

Косовската полиција објави денеска дека постапувајќи според меѓунаордна потерница издадена од Интерпол, синоќа во Приштина уапсила државјанин на Република Северна Македонија.

Во редовниот 24-часовен полициски билтен се наведува дека апсењето го извршила специјална полициска единица вчера околу 20:45 часот, а нема информации за идентитетот на уапсениот, ниту за делото за кое е распишана потерницата од Интерпол.

– Од страна на Единицата за избегани лица, „Фаст Косова“, во соработка со специјалната единица, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол, уапсен е бегалец од албанска националност, македонски државјанин, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, на уапсеното лице му е одредена мерка притвор, соопшти полицијата.

2019-03-13 1

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Додик: Интерпол рече дека тоа е политички прогон, но тоа не е доволно за политичко Сараево

Интерпол повторно одби да издаде потерница по Додик

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание