ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги наруши односите со Израел поради изјавата за холокаустот

Од:

Зоран Заев вторпат ги наруши односите на Република Македонија со Израел, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото – холокаустот – еврејска традиција. Власта не успеа да го скрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам. Заев вторпат ги наруши односите со Израел и ги навреди Евреите кога уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот вицепремиер Шалом и разговарал за безбедносно-финансиски прашања, па веднаш по тоа, беше експресно демантиран“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека Заев ги нарушува односите со стратешките партнери и го загрозува угледот на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски