СДСМ: Априлската минимална плата расте за 3.3 проценти

Од:

„Минималната бруто плата од април оваа година се усогласува согласно Законот за минимална плата и се зголемува за 3,3%.

По рекордниот раст на просечната плата од 8.1 проценти со ова усогласување и зголемување минималната плата ќе изнесува 17.943 денари, односно 12.507 денари во нето износ.

Минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.

Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години.

Просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година.

Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори.

Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во семејствата, се подобрува животниот стандард кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он