Јапонија за првпат по 11 години не поднесе резолуција во ОН против Северна Кореја за непочитување човекови права

Од:

За првпат 11 години Јапонија одлучи да не поднесува во ОН заедничка резолуција, за осуда на кршењето човекови права во Северна Кореја, имајќи ги предвид американските напори за запирање на севернокорејската нуклеарна програма и други фактори.

Јапонија и Европската унија поднесуваат во ОН документ за осуда на состојбата со човековите права во Северна Кореја, од 2008 година досега. Северна Кореја постојано ги отфрла обвинувањата за кршење на човековите права.

-Донесовме решение поради многу фактори истовремено, вклучувајќи резултати од самитот меѓу САД и Северна Кореја и ситуацијата со прашањето за киднапираните Јапонци, рече главниот секретар на кабинетот Јошихиде Суга на прес-конференција.

Пјонгјанг призна во 2002 година дека во 70-80-те години киднапирале 13 Јапонци кои сакале да го обучат за шпиони, и петмина од нив се вратиле во Јапонија. Токио смета дека можно е да биле киднапирани уште стотици Јапонци.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја