Настанот се случил на 11 март во 23 часот во флиперница во селото Вејце, кога полицаецот заедно со двајца пријатели играл столен фудбал. При тоа, тој го извадил пиштолот од појасот за да не му падне и сакал да го префрли на другата страна. Во тој момент бил испукан еден куршум во правец кон двајцата оштетени. Со куршумот бил погоден еден од оштетените во вратот, а потоа и лицето кое стоело зад него во пределот на градниот кош.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против осомниченото лице поради основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 3 во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Истовремено по предлог на надлежниот обвинител, Основниот суд Тетово на осомниченото лице му изрече мерка притвор во времетраење од 8 дена.