Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Романија во Северна Македонија, Виорел Станила.
– На средбата се разговараше за економските релации меѓу двете земји, за перспективите што се отвораат со претседателството на Романија со Европската унија, како и за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, соопштија од кабинетот на Апостолска.
Посочија дека, осврнувајќи се на позитивниот економски амбиент во земјава, министерката Апостолска истакнала оти рекордното ниво на странски директни инвестиции од 624,5 милиoни евра во 2018 година се потврда дека Северна Македонија е стабилна и сигурна дестинација за вложување во нови инвестициски проекти на странски компании.
– Политичката стабилност која ја постигнавме со деблокирањето на евро-атланските процеси и владините економски политики за поддршка на инвестициите создаваат позитивен амбиент кој може да биде препознаен и од страна нa романски компании, порачала министерката на средбата.
Од нејзиниот кабинет наведоа дека, амбасадорот Станила изразил интерес за владините економски политики за стимулирање на странски инвестиции.
– Од страна на амбасадорот Станила беше изразен оптимизам дека претседатеството на Романија со ЕУ и силната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од нејзина страна, отвора економски перспективи за зголемување на трговската размена и директните инвестиции помеѓу двете земји, соопштија од кабинетот.