(ВИДЕО) Романски Ф-16 уништи морски дрон со експлозив во близина на гасната платформа „Нептун“

Од:

Романската војска уништи морски дрон во Црното Море откако беше забележан на неколку стотини метри од гасната платформа „Нептун Дип“, во ексклузивната економска зона на Романија.

Вршителот на должноста романски министер за национална одбрана, Раду Мируца, изјави дека крајбрежната стража утрово го пријавила присуството на дронот, на околу 80 наутички милји источно од Констанца, објави порталот Digi24.

Поради близината на критичната гасна инфраструктура и фактот дека на платформата имало неколку стотици луѓе, романските власти одлучиле да го уништат.

По инцидентот, беше формирана командна ќелија на ниво на Министерството за национална одбрана, а романските власти побараа романската армија да ја преземе командата во рамките на НАТО.

По проценка на ситуацијата и консултации со претседателот на Романија, беше одлучено да се уништи дронот.

Два романски борбени авиони Ф-16 беа подигнати од земјата и добија наредба за пукање.

Според Мируца, дронот потоа бил безбедно уништен. Тој изјави дека леталото било наполнето со експлозиви. Романските власти истовремено го проверуваат потеклото на дронот. Тие контактирале со украинската страна преку неодамна воспоставен директен комуникациски канал, кој, според Мирука, официјално потврдил дека дронот не е од украинско потекло.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

Познат генерал пронајден мртов

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Беспилотно летало со воен експлозив удри авион во Лајпциг: „Ова е ново ниво на агресија“

Горан Наумовски