Да не се заборави и да не се повтори – 76 години од депортацијата на македонските Евреи

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во името на Владата на Република Северна Македонија, денеска положи цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои во 1943 година беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени во логорот на смртта Треблинка, информираат од МНР.

Во обраќањето пред присутните, Димитров истакна дека и по 76 години, тагата, болката и огорченоста од монструозниот обид за уништување на еврејскиот народ се вечни.

– Вечна е и нашата обврска, должност и чест да не го заборавиме никогаш тоа што се случи, за никогаш да не се повтори, рече Димитров.

Тој нагласи дека му е особена чест да положи цвеќе пред овој, како што рече, споменик, паметник и светилник: споменик на македонските Евреи жртви на Холокаустот, паметник за најголемото зло во историјата на човештво, светилник што секогаш ќе нè води на вистинскиот пат да го негуваме споменот, да ги едуцираме младите генерации, да истражуваме, да бидеме постојано будни и да се бориме против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, против антисемитизмот, дискриминацијата и сите други форми на кршење на човековите права.

Со повеќе активности денеска во Скопје ќе бидат одбележани 76 години од депортацијата на македонските Евреи, во организација на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот. Активностите ќе бидат заокружени со комеморативен концерт во Меморијалниот центар на холокаустот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија