(ВИДЕО) Пендаровски: Се надевам дека нема да има валкана кампања од противниците

Од:

Кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, на денешната прес-конференција изјави дека во последниве неколку дена тој не забалежал дали се уште го следат и фотографираат.

„Таа работа е завршена. Поднесов пријава и целата работа е кај МВР. Има истрага и тие знаат понатаму. Не сакам да коментирам понатаму за да не им ставам на товар повеќе работи. Тоа е непријатно чувство, но не значи дека е безбедносна закана по мојот интегритет“, изјави Пендаровски.

Тој не сакаше да каже дали останува на ставот дека е следен од стрснски служби кои се блиски до опозицијата.

Педнаровски на прес-конференцијата меѓудругото изјави и дека со шефот на мисијата на ОБСЕ оствариле разговор во пресрет на претседателските избори, и дека неговата главна заложба е дека изборите мора да бидат кристално чисти.

„Димензионирана ќе биде мисијата според потребите. 300 луѓе ќе ги следат изборите. Наша заложба е да има повеќе монитори, особено од граѓанскиот сектор. Далечно минато треба да бидат гласови на нерегуларен начин“, посочи Пендаровски.

Кристијан Ландов 

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он