Раниери: Рома е во мојата ДНК

Од:

Клаудио Раниери се врати на чело на Рома 8 години откако беше отпуштен од клубот. Тој го замени Еузебио ди Франческо и веќе одржа прва тренинг-сесија со тимот. По неа, Раниери ги повика фановите за поддршка и изрази уверување дека „џалоросите“ брзо ќе ја стабилизираат својата игра.

– Многу ми значи да се вратам во Рома. Отсекогаш сум бил фан на тимот, играв тука и бев тренер. Синоќа не можев да заспијам од возбуда. Ова е добар знак. Јас сум навистина многу среќен. Рома е во мојата ДНК, изјави Раниери пред клупската телевизија на „волците“.

Според него, навивачите на тимот сакаат играчите да ја сфатат тежината на дресот кој го носат.

– Прво ќе мораме да работиме на психолошки план, откако го изгубивме дербито против Лацио и бевме елиминирани од Лигата на шампионите. Нормално е приврзаниците да не се задоволни од резултатите, но ако видат дека играчите даваат се од себе, ќе ги поддржат. Има доволно натпревари, во кои ќе треба да се избориме за учество во Лигата на шампионите и во следната сезона, додаде искусниот стратег.

Би можело да ве интересира

Клаудио Раниери е новиот тренер на Рома

Фудбалерите на Рома го победија Динамо Киев во третото коло од Лигата на Европа

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

Рома го доби посакуваниот потпис – Белоти доби едногодишен договор

Шок за Рома се повреди Вајналдум