Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер може да започне со работа во ФИФА. 69-годишниот Французин добил предлог да заземе функција во светската фудбалска централа.
Според информациите, тој е склон да ја прифати поканата да биде одговорен за техничкиот развој на ФИФА. Неговото назначување може да биде објавено следната недела.
Венгер е баран и од Пари Сен Жермен, но речиси е сигурно дека ќе ја одбие понудата на парижаните.
Легендарниот тренер на „топџиите“ е без работа од минатото лето, кога го напушти Арсенал по повеќе од две децении на чело на тимот.