Мијалков и Ибраими спроведени во Затворот Скопје

Од:

Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими кои денеска од судот добија затворски казни попладнево се спроведени во притвор во Затворот Скопје – Скопје. Информацијата ја потврди директорот на затворот Ѓоко Котевски.

Притворот беше побаран од обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи откако судот ја соопшти пресудата за предметот „Титаник 2“, а поради постоење опасност од бегство.

Ибраими доби затворска казна од четири години и шест месеци, а Мијалков три години затвор.

Мерка за претпазливост е изречена за Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор, како и за Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, кои беа осудени на три години затвор, е изречена мерка за претпазливост.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули