Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на неговата посета на Црна Гора, упати порака до официјална Тирана во врска со нејзината европска интеграција.
Тој изјави дека Грција не е против интеграцијата на Албанија во ЕУ, но непочитувањето на грчкото малцинство и тврдењата за постоење и права на Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) се две непремостливи пречки за Албанија во ЕУ.
Чамите, смета тој, се „безмилосни нацистички соработници”.
– Грција не е против европската перспектива на Албанија, но однесувањето како она кон грчкото малцинство претставува несовладлива пречка за патот на Албанија кон Европската унија. Другата пречка се поврзува со секое барање на правата на таканаречените Чами-Албанци, кои беа немилосрдни соработници на нацистите, како што потврдува историјата, изјави Павлопулос.
Грчкиот претседател, исто така, нагласи дека ако Турција, Северна Македонија и Албанија сакаат европска перспектива, треба да ги почитуваат европските правни рамки и меѓународните закони.