Клучот за отклучување на економскиот потенцијал во овој регион се жените. Секоја година економиите од Западен Балкан во просек изгубиле 18 проценти од бруто домашниот производ (БДП) поради родовиот јаз на пазарот на трудот – што е повеќе од вкупниот БДП на Србија, изјави во специјално обраќање по повод 8-ми март, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.
Таа истакна дека жените се уште се борат да постигнат економска сигурност. Брегу посочи дека е точно оти жените заработуваат повеќе од мажите, но сепак само две од пет жени на Западен Балкан имаат работа или се уште ја бараат.
Според неа, стапката на вработеност кај жените во регионот изнесува 43,2 отсто.
– Ние треба жените да ги снабдиме со вештини и искуство за управувања и за водење на бизнисот и во технички и оперативни улоги. Ние треба да размислиме за преобука на постојните вработени за да се осигураме дека имаме работна сила ориентирана кон иднината. Ние треба да се фокусираме на финансиското образование, вклучително и обуките за идентификување на вистинските финансиски производи и услуги, да им помогнеме на жените сопственички да можат да ги користат неопходните финансиски средства, да им помагаат на другите да го промовираат својот бизниси, додаде Брегу.
Во пораката по повод 8-ми март, Брегу потенцира „Ние е нашата порака до жените денеска… Ние ќе продолжиме секаде во регионот“. Таа пораката ја заврши со императивна реченица – Слушајте ги жените!