Велика Британија бара глобални мерки за неплаќањето данок

Од:

 Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, изјави денеска дека Велика Британија побарала од земјите членки на групата Г-20 заеднички мерки за да се спречи неплакањето данок од страна на големите мултинационалните комапнии.

Пред да замине за Москва, на годишната конференција на министрите за финансии од Г-20, Озборн изјави дека британската влада сака таков даночен систем кој ќе помогне за придвижување на бизнисот и на економијата, што значи и создавање на нови работни места, но и систем што ќе ги натера компаниите да ги плаќаат своите обврски кон државата и да плаќаат данок.

Ние ги сакаме странските компании во Велика Британија и земјата прави се нивниот број да се зголемува, сметајќи дека нуди добри даночни услови и ниски даноци, но за возврат бара компаниите да ги плаќаат даноците, вели Озборн.

Британскиот министер откри дека Велика Британија, заедно со Франција и Германија ќе побара заедничка акција на глобално ниво, затоа што само на тој начин ќе се доведе ситуацијата во ред, а компаниите ќе се спречат да ги одбегнуваат даночните обврски, коростејќи ги празнините што сега постојат.

ОЕЦД во својот последен извештај укажува на овој проблем, заговарајќи глобален договор за реформирање на сегашниот корпорациски даночен систем, првпат воведен во дваесетите години на 20 век, со решение на тогашната Лига на народите.

Проблемот со даноците и големите комании во Велика Британија предизвика политичко бранување кога се откри дека моќни компании, какви што се „Амазон„, „Старбакс“ или „Гугл“ не плаќале данок или давале неспоредливо помалку во споредба со нивните профити, користејќи ги празнините и недореченостите на сегашното даночно законодавство.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски