Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел

Од:

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја посети денеска германската Амбасада и во име на Министерството за надворешни работи се потпиша во книгата на жалост по повод смртта на поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Клаус Кинкел.

-Како германски министер за надворешни работи, Кинкел го поплочи патот на денешна силна Германија, по нејзиното обединување. Веруваше во обединета Европа, која нема да биде само политички и економски сојуз, туку ќе биде систем на вредности кои ќе ги споделуваат денешните и идни генерации. Овие простори ќе го паметат по личната посветеност за создавање траен мир и соживот во регионот, кој ќе биде интегриран во Европската унија. Да ги продолжиме неговите идеали, напиша Жерновски во Книгата на жалоста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германија да го укне еврото, да излезе од Шенген и да ги затвори границите, најавува шефицата на АФД

Германските компании во неволја, сè потешко се наоѓаат квалификувани работници

А1он

Нема доволно гас: Германија стравува за зимата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Германија: потврдено торнадо, загина жена, оштетени десетици куќи

Германија мобилизира армија од 460.000 луѓе: Масовниот одзив на регрути ја изненади јавноста

Банкротираа илјадници компании во Германија