Министерството за здравство на палестинската управа во Појасот Газа соопшти дека 15-годишното момче починало откако било застрелано од израелски војници за време на ноќните напади по должината на Појасот Газа и израелската граница.
– Момчето по име Саиф Абу Зајед вчера било рането во главата и починало во болница, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Околностите на настанот не биле веднаш познати, но инцидентот се случил за време на протестите на десетици млади луѓе и фрлање на запаливи бомби и насочување на ласерско светло врз израелските сили долж граничната ограда.
Израелската армија вчера објави дека од Појасот Газа, бил испукан проектил поради што биле активирани сирените за предупредување во јужниот дел на Израел.