Прикажан документарен филм кој го воздигнува самитот Ким – Трамп

Од:

Севернокорејската државна телевизија прикажа документарен филм кој ја велича неодамнешната посета на својот лидер Ким Џонг-ун на Виетнам, но изоставени се неуспешните нуклеарни преговори со американскиот претседател Доналд Трамп.

Документарните филм го прикажува насмеаниот Ким како разговара со Трамп и заедно се движат кон внатрешноста на еден хотел во Ханој и потсетува дека самитот е одржан минатата недела.

Во филмот е прикажано и како Ким од црниот автомобил ги отпоздравува граѓаните кои вееја севернокорејски и виетнамски знамиња на улиците на Ханој.

На снимката се гледа и како Ким ја посетува Амбасадата на Северна Кореја во Ханој, а дел од дипломатскиот персонал и членовите на нивните семејства плачат од возбуда пред да направат заедничка фотографија со лидерот пред сликите на починатите татко и дедо на Ким.

Изоставањето на нуклеарните разговори, според аналитичарите е индикатор дека Пјонгјанг се уште се надева на продолжување на преговорите, како и желбата севернокорејските граѓани да не бидат запознаени со дипломатските пропусти.

Би можело да ве интересира

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот