Тетово, Куманово, Битола и Скопје на листата најзагадени градови во светот

Од:

Тетово, Куманово, Битола и Скопје се најдоа на листата на најзагдени градови во светот за 2018 година, според анализата изработена од меѓународната невладина еколошка организација „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижуел“, група со седиште во Швајцарија која глобално го следи аерозагадувањето.

На листата од 3.000 градови, од македонските градови Тетово е највисоко на 169 место, Куманово на 261, Битола на 280 и Скопје на 315 место.

Од регионот за најзагаден град е посочен Живинице во Босна и Херцеговина, кој се наоѓа на 102. позиција, а му прават друштво уште три босански градови: Грачаница на 137 место, Сараево 240 и Тузла 289 место.

Меѓу првите 500 најзагадени градови на листата, од Западен Балкан по аерозагаденоста се и Приштина на 373 место и Софија која е 422.

На светско ниво најзагаден главен град е Њу Делхи – 20-милионската престолнина на Индија, а го следат главните градови на Бангладеш, Дака и Кабул во Авганистан. Пекинг е осми на листата. Од светските метрополи Лондон се наоѓа на 48. место, а Вашингтон на 56.

Според анализите, од вкупно 30 најзагадени градови во светот, во Индија се наоѓаат 22.

Мерењата на „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижел“ покажале дека кај 64 проценти од 3.000 града на листата ги надминуваат препорачаните од Светската здравствена организација ограничувања за изложеност на ПМ 2,5 честичките на годишно ниво, што се поврзуваат со голем обем на здравствени проблеми кај луѓето.

Извештајот за аерозагадувањето во светот за 2018 година се базира на јавни податоци од извршен мониторинг како што се владини мрежи за мониторинг потврдени со мерењата извршени од мерни станици на „Еар Вижел“ со кои оперираат приватни лица или организации.

СЗО проценува дека глобално седум милиони луѓе годишно предвреме умираат како последица од изложеност на аерозагадувањето, а Светска банка пресметала дека тоа годишно ја чини светската економија загуба во работни часови од 225 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза