„КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ, француски амбасадор во Република Македонија за СЈО: „Можеби ќе треба да се затвори тоа досие, сега е време да се прејде во друга етапа… не треба да живееме во минатото, туку да живееме во иднината“.
ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ: Амбасадоре така ли Вие правите во Франција? Сите оние кои го осиромашиле граѓаните (читај: украле народни пари и го оголиле народот до гола кожа) со здравје нека си ги трошат парите и нека уживаат од „сработеното“, а оние кои се ограбени, омаловажени, малтретирани, прислушувани, политички прогонети нека си се тешат.
Битно е дека треба да се живее во иднина. А како и со кого……?. Епа тоа и не е толку битно.!?“, напиша Јове Кекеновски на својот фејсбук профил.