Владата ќе финансира 50 проценти од инвестиците во руралниот туризам

Од:

Владата ќе преземе две нови мерки за поддршка на развојот на туризмот, обезбедување поголем број туристи, уредување на капацитетите и овозможвуање нови работни места и приходи за бизнисите.

Како сериозен придонес кон реализација на овие цели Владата одлучи да биде проширен опфатот на земји за кои ќе се применува субвенцијата за привлекување  странски туристи. Од 2013 година оваа мерка освен зз земјите од Бенелукс, ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија. За 2014 година мерката ќе се прошири и на Кина и Индија. Во 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, СЕ Германија, САД и Англија.

Како што информира на денешната прес – конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, зголемен е и рокот за поднесување барања за субвенции на 60 дена од заминувањето на групата за сите видови барања до периодот од 01.01. до 30.09, а во периодот од 01.10 до 31.12, тој рок да изнесува 30 дена.

– Ова беа директни барања на хотелиерите и бизнис комората кои Владата ги прифати и согласно нивните информации се очекува тие да ја прошират својата дејнсот и бизниси во нови региони. Тоа би значело туриси од нови земји кои ќе престојуваат во нашата земја и во склоп со зголемените субвенции од 800 илјади на еден милион евра, очекуваме раст на туристите, изјави Ѓорѓиев.

Владата во 2013 година ќе финансира и 50 проценти од инвестициите во туризмот кои ќе се направат во руралните средини. Финансиската поддршка за развој на рурален туризам, појасни Ѓорѓиев, се однесува на воспоставување или модернизација на сместувачки капацитети, угостителски услуги, сместување на отворено, рурални музеи, рекреативни активности и опрема…

За оваа цел Владата ќе ангажира околу 3,5 милиони евра, средства предвидени во Програмата за рурален развој.

– Ова е добра можност голем број субјекти да добијат средства за туристички капацитети во селата и населените места крај езерата и на планинските туристички центри, Пештани, Радожда, Дојран, Маврово, Пониква и останати места кои ги исполнуваат условите, појасни портпаролот на Владата на Република Македонија, додавајќи оти со оваа значителна финансиска поддршка Владата инвестира во подобрување на перформансите на бизнисите и отворање нови работни места.

Би можело да ве интересира

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата