Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе го разгледа Годишниот план за одржување на далекуводи на АД МЕПСО.
Покрај тоа, РКЕ на седницата ќе ги разгледа и планот за развој на електропреносниот систем на земјава за периодот од 2019 до 2029 година, како и долгорочните прогнози за потребите од електрична енергија и моќност на АД МЕПСО.