Пакистан уапси 44 осомничени во операција против милитантната група која е одговорна за самоубиствениот напад во индискиот дел на Кашмир, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Шехрјар Африди.
Меѓу уапсените има и лидери на милитантната група Џаиш-е-Мохамед, инфомира тој.
Брат и друг близок роднина на лидерот на Џаиш-е-Мохамед, Маулана Масуд Азхар се меѓу 44-цата милитанти кои се уапсени, изјави Африди на прес-конференција во Исламабад.
Односите меѓу Индија и Пакистан уште повеќе се затегнаа по смртоносниот терористички напад на 14 февруари во кој загинаа 45 индиски војници. Индија го обвини Пакистан дека ги крие и ги заштитува терористите, и дека е „директно вмешан“ во инцидентот. Пакистан ги отфрли трвдењата и ја обвини Индија дека е одговорна за кршење на човековите права во Кашмир.