Ципрас: Договорот од Преспа беше тежок, но исто времено и важен и неопходен договор

Од:

Договорот од Преспа беше тежок договор, бидејќи удри по ножот на национализмот и квази патриотизмот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, во говорот посветен на иднината на Европа, на потребата да се формира прогресивен блок пред евроизборите во борбата со национализмот и радикалната десница, на крајот од еднодневната конференција под наслов „Просперитет за сите во една одржлива Европа”, организирана од Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите од Европскиот парламент, претставништво на фондацијата Фридрих Еберт во Грција и Институтот за истражување и политичка стратегија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Пред еден месец во грчкиот Парламент изгласавме еден многу, многу тежок, но исто толку неопходен за земјата, но и за целиот Балкан, можеби симболично, и за Европа, важен договор. Договорот од Преспа. Тоа беше тежок договор, бидејќи беше удар во ножот на национализмот и квази патриотизмот. Некои рекоа дека немавме никаква причина да ја преземеме оваа одговорност. Дека немавме никаква причина да ја преземеме оваа одговорност и оваа цена, политичката цена. Во клучен момент го ризикувавме парламентарното мнозинство. Ризикувавме и тоа кусо пред почетокот на изборниот циклус, кусо пред евроизборите, без разлика на цената, рече Ципрас.

Грчкиот премиер упати критики до политичките сили во Грција кои не го поддржаа договорот велејќи дека „некои не се осмелија да ризикуваат многу помалку, иако се самонарекуваат прогресивни“.

-Зошто го сторивме ова. Зошто? Бидејќи бевме сигурни дека функционираме врз основа на нашите принципи и бевме сигурни дека ја извршувам патриотската должност затоа што се поставуваме на правилната страна на историјата, истакна грчкиот премиер.

Алексис Ципрас голем дел од говорот посвети на радикалната десница и неолиберализмот за кои рече дека оваа комбинација создава „длабоко конзервативна и антиевропска интернационала во срцето на Европа“ и истакна дека против овие сили ќе се води битката на евроизборите во мај.

-Треба да сфатиме дека претстојните европските избори се избори од егзистенцијален карактер за самата Европа. Тие се најкритичната политичка битка од нејзиното основање. Бидејќи, она што се доведува во прашање, освен нејзините основачки вредности е и самото нејзино единство. Европските прогресивни сили не можеме да ги затвориме очите пред ова, рече грчкиот премиер.

Ципрас истакна дека СИРИЗА е левичарска партија и не сака да стане централно-левичарска, но потенцираше дека на Европа и се потребни прогресивна струја, промени и реформи за подобра иднина на народите.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната