Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„На 06.02.2019 година, при претрес во домот во кој привремено престојувал обвинетиот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и наркотична дрога – хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана“, се посочува во соопштението од судот.

Од судот додаваат ценејќи дека се уште постојат законските основи, а особено имајќи го предвид фактот дека против обвинетиот во истиот момент се водат постапки за уште едно кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за кривично дело – разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа