Владата ќе ја одржи 124-та седница

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 124-та седница на предлог на Министерство за транспорт и врски ќе го разгледа Предлог – законот зa урбанистичко планирање.

Министерството за правда на седницата ќе го презентира Предлог – законот за бесплатна правна помош, додека Министерството за финансии за оваа седница го предлага на разгледување Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина.

На денешната седница министрите ќе се произнесат по Информацијата во врска со донесување на Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година и со Акциски план за нејзино спроведување.

На предлог на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, Владата ќе донесе мислење за Финансискиот план на ова акционерско друштво за 2019 година.

На денешната седница, меѓу другото, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки за антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, според кои Министерството за образование и наука, во соработка со Бирото за развој на образованието, треба да понуди најсоодветен начин за воведување на антикорупциските теми во рамките на годишната програма на училиштата.

На оваа своја седница Владата ќе ја разгледа и Информацијата со анализа за потребата од измена на закони со цел за надминување на постојните проблеми во областа на остварувањето на правата од работен однос на вработените во културата.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски