Ново рочиште за „Монструм“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

На минатото рочиште беа презентирани докази обезбедени со посебни истражни мерки, на кое јавноста беше искучена. Судијата Огнен Ставрев рече дека ќе побара средба со министерката за правда Рената Дескоска, на која ќе бара информација за екстрадицијата на бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои со години се наоѓаат во Косово.

Случајот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство и предметот беше вратен на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов