ВИДЕО: 31 партијa застана зад Пендаровски

Од:

„Се обединивме сите етнички заедници за првпат, различните групи за првпат застануваат зад еден кандидат – надпартиски, европски за сите. Стево Пендаровски е човекот кој добро го познавате. Направи многу за Македонија. Тој донесе одлука да ја влече земјата напред, а не назад”, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со коалиционите партнери, по која ја потврди информацијата дека сите застанале зад кандидатурата на Пендаровски за претседател.

Според Заев, 31 партија застанала зад кандидатурата на Пендаровски, што според него, е голема работа.

„Тоа е патриотизам, тоа е татковинство, покажавме дека на прво место ни е татковината, а потоа се партиските интереси“, порача премиерот.

Тој упати благодарност до Радмила Шекериска, Оливер Спасовски, Никола Димитов и другите кандидати, кои според него, се „локомотиви“ на Владата, кои одлучиле да дадат предност за надпартискиот кандидат Стево Пендаровски.

„Да живее да нашето заедништво, да живее Република Серверна Македонија со нашиот претседател Стево Пендаровски, кој ќе биде претседател на сите граѓани”, додаде Заев.

Тој најави дела одлуката ќе треба да биде верификувана и на партиски конгрес кој ќе се одржи во недела. Одлуката ќе треба да ја верификуваат и останатите коалициони партнери во партиските тела.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање зошто токму Стево Пендаровски, изјави дека според анкетите тој бил најприфатлив за членството на ДУИ во споредба со другите кандидати. Затоа ДУИ одлучил да засатне зад него и смета дека тој ќе ја добие нивната партиска поддршка.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски